Граѓаните континуирано штедат, депозитите растат
Шест проценти годишен раст на депозитите во банките. Кај денарските вложувања зголемувањето е 8,5 насто – што укажува на високата доверба во домашната валута – посочуваат надлежните. Штедењето е клучен столб на стабилноста на финансискиот систем. Со нови мерки ке се стимулира долгорочното вложување во банките во домашна валута - најави Централната банка...

Граѓаните штедат, депозитниот потенцијал расте. Тежи 4,7 милиони евра. Во септември зголемување за шест проценти на годишно ниво. Политичката криза и неизвесност ги намалија штедните влогови на населението. Како клучен столб на финансискиот сектор, владата, Централната банка и банките мора да создадат услови штедењето и натаму да расте- порача вицепремиерот Ставрески. Заштедите се повеќе се во домашна валута. Денарските депозити се зголемени за 8,5 проценти што укажува на висока доверба во домашната валута.
„Во септември годинава денарските депозити преставуваат 56 насто од вкупните депозити во банкарскиот сектор. Македонија е добар пример како во услови на неповолно опкружување, ако ги земеме во предвид кризата во Грција и неизвесниот раст на ЕУ со прудентни политики на Владата и Централната банка, може да се оствари стабилност и раст“, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Од вкупните депозити во денари, 77 проценти се орочени, остатокот депозитни пари на сметки – говорат податоците на надлежните. Граѓаните имаат доверба во банките и штедилниците кои нудат интересни продукти за тие ги вложуваат парите – став на банкарскиот еснаф во земјава.
Монетарната власт најави, нови мерки за долгорочно штедење во денари. Гуверенерот вели, новиот пораст годинава изнесува 3,6 милијради денари, лани бил 10 милијради. Ги повика банките да се обидат да го вратат штедењето во банкарските канали.
Кредитите бележат раст од 9,1 насто, кај населението 12,7, кај претпријатијата 6,8 проценти. Надлежните очекуваат постабилен период во иднина, да продолжат добрите тенденции на привлекување уште повеќе депозити.
Сузана Фиданска- Стоевска
