Богата програма на „Анимакс Скопје фест“

03.11.2015 14:30

Киното Фросина во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија ќе бидат центарот за љубителите на анимацијата. Годинава во ревијалниот дел ќе бидат прикажани и долгометражни анимирани остварувања...

50 краткометражни филмови, од нив 7 за детската публика, aнимиран филм. „Анимакс Скопје Фест“ од петти до осми ноември. Филмски дела избрани во конкуренција на 427 анимации од 56 земји во светот. Киното Фросина во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија ќе бидат центарот за љубителите на анимацијата.  Годинава во ревијалниот дел ќе бидат прикажани и долгометражни анимирани остварувања.

Фестивалот за анимирани филмови е поддржан од Агенцијата за филм и Град Скопје. Голем дел од филмовите кои се борат за Златната тула, се носители на престижни награди – победници на фестивали од А категорија.

„Анимакс Скопје Фест“ е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Целта е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневието.

 

Александра Перевска