НАСА објави снимки на Сонцето што досега не се видени
04.11.2015 14:15
Снимката е достапна на You Tube со наслов „Thermonuclear Art“ (термонуклеарна уметност). Конечно ова е можност да се види сонцето без опасност за оштетување на очите...

НАСА објави 30-минутни снимки на сонцето и тоа во висока 4К видеорезолуција. Снимката е достапна на You Tube со наслов „Thermonuclear Art“ (термонуклеарна уметност). Конечно ова е можност да се види сонцето без опасност за оштетување на очите.
Соларниот сателит на НАСА (Solar Dynamics Observatory-SDO) го снимил сонцето во десет различни бранови должини, а секоја од нив помага во нагласување на поинаква температура на сончевиот материјал, се објаснува во службеното соопштение на опсерваторијата.
