Преоптовареност- причина за уривањето на рускиот товарен авион во Јужен Судан?!
Портпаролот соопшти дека во несреќата има двајца преживеани, еден член на екипажот и едно дете...

Нова авионска несреќа. Повеќе од 40 луѓе загинаа, откако се урна руски товарен авион „Антонов“ на оддалеченост од речиси километар од аеродромот во Џуба, во Јужен Судан. Портпаролот соопшти дека во несреќата има двајца преживеани, еден член на екипажот и едно дете.
Според последните податоци во авионот имало дваесет луѓе, меѓунив и членови на екипажот. Авионот се урнал во близина на реката Горен Нил, во претежно рибарска област, при падот на леталото загинале и локални жители.
Очевидци велат дека остатоците од леталото и останките биле распрснати низ реката. Во недостиг од информации се стравува дека бројот на жртвите ќе расте рапидно.
Спасувачките екипи се на терен, бараат преживеани, но лошата временска состојба им ја отежнува работата.
Според првичните извештаи на експертските тимови се претпоставува дека несреќата најверојатно била предизвикана поради преоптовареност на леталото, но не е исклучено дека имало и одредени технички проблеми на воздухопловството.
Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно патниците не биле врзани со безбедносни ремени. Руската „Раша Тудеј“ јавува дека меѓу загинатите петмина Ерменци и еден Русин.
Марија Петковска
