Иран

Илјадници луѓе на антиамерикански протест во Техеран

04.11.2015 16:56

Демонстрантите извикувале „Смрт за Америка“ и „Долу Израел и Саудиска Арабија“...

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Техеран извикувајќи антиамерикански слогани и палејќи го американското знаме во знак на одбележување на 36 години од заземањето на амбасадата на САД во главниот град на Иран.

Демонстрантите извикувале „Смрт за Америка“ и „Долу Израел и Саудиска Арабија“ првпат по потпишувањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили, меѓу кои и САД.