Мексико: Разлутен татко убил кошаркарски тренер
10.11.2015 12:52
Тренерот починал на самото место, а насилниот чин се случил пред група девојчиња кои доживеале траума...

Одлуката на еден тренер на женски кошаркарски клуб во Мексико да остави на клупа едно 11-годишно девојче за време на натпревар поттикнала огромен бес кај нејзиниот татко кој вербално го нападнал тренерот, а потоа и го убил со пиштол.
Тренерот починал на самото место, а насилниот чин се случил пред група девојчиња кои доживеале траума.
Напаѓачот избегал од местото на настанот, а полицијата се уште трага по него.
