Ревизија
ЕУ непотребно потрошила 6,3 милијарди евра во 2014-та
10.11.2015 16:10
Европскиот ревизорски суд го повика официјален Брисел да го скрати и адаптира буџетот во согласност со состојбата во Европа, пред се поради бранот бегалци...

Европската унија непотребно потрошила 6,3 милијарди евра во 2014-та, соопшти Европскиот ревизорски суд, при што го повика официјален Брисел да го скрати и адаптира буџетот во согласност со состојбата во Европа, пред се поради бранот бегалци.
Најголем расход е направен при користење на европските фондови за недоволно користени аеродроми и помош за земјоделство во Шпанија.
