Продолжува меѓународната активност на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија
Претседателот на Советот, Соња Ѓелова - Стојанова, се обрати на Конференцијата каде го истакна напредокот на Република Македонија во областа на унапредувањето и надзор на ревизијата...

Делегација на Советот за унапредување и надзор на ревизија на Република Македонија, предводена од претседателката на Советот Соња Ѓелова - Стојанова присуствува на Меѓународната конференција на тема „Зајакнување на кредибилитетот на финансиските извештаи“, организирана од Одборот за надзор од јавен интерес на сметководствената професија на Романија и Комората за финансиски ревизори на Романија, во Букурешт-Романија.
Претседателот на Советот, Соња Ѓелова - Стојанова, се обрати на Конференцијата каде го истакна напредокот на Република Македонија во областа на унапредувањето и надзор на ревизијата, придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизорската професија, како и зајакнување на довербата на инвеститорите.
Воедно од страна на претседателката Ѓелова - Стојанова беа истакнати и големиот број активности и реализирани проекти кои ги превзема и реализира Советот на меѓународен план.
