САД: Во напад на конвој, најверојатно убиен Џихади Џон

13.11.2015 11:46

Американците со помош на дронови извршија напади на конвој возила, во близина на градот Рака, под сомнение дека бил лоциран припадник на Исламска држава, познат како Џихадистот Џон...

Американските дронови извршија напади на конвој возила, на територијата на Сирија, во близина на градот Рака, под сомнение дека бил лоциран припадник на Исламска држава, познат како Џихадистот Џон, кој ги врши егзекуциите на заробениците, соопшти Пентагон.

Иако се уште нема официјална потврда, претставници на администрацијата велат дека, тој е убиен.