Курц: Бегалската криза е надвор од контрола

13.11.2015 11:53

Неопходна е поголема безбедност на границите на Европската Унија...

Бегалската криза е надвор од контрола, неопходна е поголема безбедност на границите на Европската Унија. Ако тоа не се случи, сѐ повеќе земји ќе почнат самостојно да ја решаваат кризата, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Смета дека на овој начин, не може да се продолжи, бидејќи бранот бегалци секојдневно се зголемува.