ЕУ со финансиска помош за Турција

13.11.2015 13:13

Според проценките, официјална Анкара досега потрошила 8,5 милијарди долари за згрижување на мигрантите...

Европската унија ќе и даде 3 милијарди и 200 милиони евра на Турција, за справување со бранот бегалци од Блискиот Исток и од Африка.

Премиерот Даватоглу, сепак смета дека товарот на кризата не треба да паѓа само врз една земја. Според проценките, официјална Анкара досега потрошила 8,5 милијарди долари за згрижување на мигрантите.

Европската унија најави вонреден самит за бегалската криза, што треба да се одржи на крајот на овој или во почетокот на идниот месец.