Седум мртви бебиња пронајдени во стан во Баварија
13.11.2015 14:17
Се уште не е познат идентитетот на децата, бидејќи телата биле во многу лоша состојба.

Германската полиција во стан во Баварија нашла тела на седум мртви бебиња. Полицијата дошла по дојава на жена.
Се уште не е познат идентитетот на децата, бидејќи телата биле во многу лоша состојба. Во моментот се врши испрашување на соседите, а сопственичката на станот не е достапна за силите за безбедност.
