Со кодекс судиите ќе се бранат од притисоци
Судски експерти ќе им помагаат на македонските колеги за етичкиот кодекс и интегритетот на судиите во справувањето со притисоците. Редовно во извештаите на Eвропската комисија за напредокот на земјава се препорачува независно судство и владеење на правото...

Очекувани се забелешките за судството наведени во извештајот на Прибе и на Европската комисија. Директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Арнаудовска тврди дека треба да се работи на реформите, но и на новиот етички кодекс на судската фела, зашто така ќе бидат избегнати притисоците врз третата власт.
Од еснафското здружение не добиле до сега поплака од ниту еден судуја дека е соочен со притисоци. Доколку дојде до такви појави тие треба да се докажат и да бидат санкционирани, велат од здружението.
Исти се европските искуства кога се работи за независноста на судиите. Судијата на врховниот суд на Хрватска, Сеса потенцира дека е многу важно што судиите во македонија сами донеле етички кодекс, но многу поважно е да се индицираат и сопрат генераторите на јавно мислење кое доведува до автоцензура кај судиите.
Советувањето во академијата следува по препораките на Прибе-извештај, со цел оживотворување на етичкиот кодекс на судиите и зајакнување на заштитата на судиите од притисоците.
Фиљана Кока
