Надлежните на терен ги решаваат проблемите на жителите на Охридско
Во повеќечасовни средби со жителите на Охридско беа решени повеќе проблеми. МЕПСО ќе преземе дел од работниците на охридски ЕМО. Дел ќе работат кај странски инвеститор кој е заинтерсиран да го прошири бизнсиот во Македонија – најави премиерот Груевски. За време на посетата на Охрид, решено станбеното прашање на семејство кое има осум деца...

Идната неделанов стан ќе добие семејството од охридската населба Видовиште кое има осум деца. Откако надлежните утврдија дека луѓето живеат во многу лоши услови, донесена е одлука експресно да се иселат од старата руинирана барака и добијат клучеви од стан.
За време на посетата на Охридско, премиерот Груевски најави дека во тек се преговори со странски инвеститор кој е подготвен да ангажира работници од ЕМО.
На средбата со локалните пожарникари, договорено е со посебен закон да се регулира и нивниот статус по примерот на европските земји.
Ќе се санира инфраструктурата во болничката населба и ќе се реновира Културниот дом.
Анита Димитријевска
