Кампања за светскиот ден на жртвите во сообраќајот
Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот со пораката на годинашната кампања „Денови на сеќавање, време е да запрат кривичните дела на улиците“ го најавија почетокот на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди – 15 ноември...

100 сообраќајни несреќи со смртни последици во првите 9 месеци од годинава. Животот го загубиле 113 луѓе, над 4.000 се повредени. Најголем број сообраќајки, очекувано, има во Скопје. Брзото возење е најчеста причина за нив.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, за денот на сеќавање на жртвите, стартува со многубројни активности. Целта е подигање на свеста.
„По грешка на возачите се случиле 2.766 сообраќајни несреќи во првите девет месеци од годинава во кои загинале 109 лица, а по грешка на пешаците се случиле 105 сообраќајни несреќи“, вели претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски.
„Внимавајте тоа е мојот апел до сите, се надевам дека и јас ќе престанам во иднина да го бркам животот во однос на тоа кој ме бара и како ме бара туку ќе се сконцентрирам на убавите нешта. Да не дозволиме сообраќајот да земе повеќе жртви“, вели Елена Стојановска.
На повеќе од 2.000 ученици во над 50 основни училишта низ цела македонија беа одржани едукативни предавања за сообраќајните правила и прописи, како и за опасностите и ризиците при учество во сообраќајот.
„Сакаме да дадеме еден свој прилог во сето она што се случува денес. Во оној едукативен дел што се донесува на децата. Ние тоа го направивме неколку пати со некој претстави“, изјави актерот Ванчо Петрушевски.
Секоја година во светот околу 1, 2 милиона лица го губат животот во сообраќајни незгоди и оклу 50 милиони се здобиваат со телесни повреди.
Ана Јосифоска- Тодоровска
