Проектот за обуки на лекарите во странство дава резултати

13.11.2015 16:36

Во здравствениот систем се воведуваат нови практики, се пренесуваат светските знаења. Специјалистот по радиологија, доктор Златко Стојковски, по враќањето од странство, за МТВ раскажува дека постојаната едукациија и доусовршување е од клучно значење за секој лекар...

Со едно боцкање, се зема доволно материјал за да се постави дијагноза - дали кај жената има малигни клетки во дојката? Методата кор-биопсија во Градската општа болница „8-ми септември“ се работи рутински. Брзината на резултатите е најважна во битката против ова заболување. Преку проектот на ресорното министерство за обука на лекари во странство, во јавното здравство има стручен тим. Доктор Стојковски е специјалист по радиодијагностика. Со тајните на кор- биопсијата се запознал во Србија, а во Турција и во Словенија ги продлабочил знаењата и вештините. Најмалиот карцином на дојка што го отрил е 3 милиметри, налик на зрно ориз.

„Во ваква рана фаза кога ќе го откриеме карцимномот и сме го докажале со кор биопсија е предизвик. Да се погоди три милиметри лезија, иглата се води под ултразвук и доаѓаме до промената и земаме парче, воопшто не е едноставно. Предизвик е затоа што оваа жена сме ја спасиле, утре ќе биде здрава жена, мајка, сопруга и баба“, изјави д-р Златко Стојковски- специјалист по радиодијагностика.

Минатогодишната едукација во Нинберг за доктор Стојковски бил особен предизвик. Од таму како нова процедура во болницата ја внел магнетната резонанца, мамографија на дојка. Ја работи според германски протокол. 

„Добар е за да го докажеме карциномот, а во исто врме да му помогнеме и на хирургот што треба да ја креира операцијата да види кој пристап да го има, ќе му овозможи многу во смисла операцијата да биде поштедна, да нема големи оштетувања на дојката“, вели д-р Стојковски.

Тенденцијата на новооткриени карциноми на дојка е во пораст - велат лекарите. Во градската општа болница „8-ми септември“, само годинава магнетна резонанца е направена на 76 жени, а кор-биопсија на 500.

 

Андријана Атанасовска