Руските федералци утврдија- падот на ербасот над Синај е терористички чин

17.11.2015 10:57

Според службата, за време на летот била детонирана експлозивна направа од домашно производство со моќност од 1,5 килограми динамит, што условило авионот да се распадне во воздухот...

Падот на рускиот авион над Синајскиот полуостров во Египет е предизвикан од терористички напад. Траги од експлозив се најдени на остатоците, се вели во соопштението што Федералната безбедносна служба му го доставила на претседателот Путин.

Според службата, за време на летот била детонирана експлозивна направа од домашно производство со моќност од 1,5 килограми динамит, што условило авионот да се распадне во воздухот.

Путин побарал од специјалните служби да се фокусираат на пронаоѓање на одговорните за терористичкиот напад на авионот на Ербасот 321 во кој загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.