Словенија и Австрија ги затвораат границите, слична можност разгледува и Хрватска
17.11.2015 11:52
Министрите за внатрешни во петок треба да разговараат за промена на Шенген зоната и поголема контрола на надворешните граници на Европската унија...

Словенија и Aвстрија, врз основа на Шенгенскиот договор, ја информирале Србија дека ќе ги затворат границите за прием на бегалци, јави Српската радио телевизија.
Според истиот извор, слична можност разгледуваат и Хрватските власти. Министрите за внатрешни во петок треба да разговараат за промена на Шенген зоната и поголема контрола на надворешните граници на Европската унија.
Првиот француски полицаец Казанев, најави дека ќе побара прецизна ревизија на Шенгенот за подобро поврзување на разузнавачките служби и европско досие за патниците во евросообраќајот.
