Бројот на загинати во терористички напади пораснал за 80%
17.11.2015 12:17
Терористи поврзани со ИДИЛ и со Боко Харам се виновни за 51 насто од убиствата, а 78 проценти од загинатите се во пет земји, Авганистан, Ирак, Нигерија, Пакистан и Сирија...

Бројот на загинати во терористички напади во светот лани се зголемил за 80 насто. Според глобалниот индекс за тероризам на Институтот за економија и мир, лани загинале 500 луѓе во 11 земји, а вкупната бројка достигнала над 32 илјади.
Терористи поврзани со ИДИЛ и со Боко Харам се виновни за 51 насто од убиствата, а 78 проценти од загинатите се во пет земји, Авганистан, Ирак, Нигерија, Пакистан и Сирија.
Нападите лани ја чинеле економијата во светот 53 милијарди долари.
