Делегација од ОАЕ ги скенира можностите за бизнис во Македонија
18.11.2015 16:55
Делегацијата од ОАЕ на средба со премиерот Груевски разговарале за потесна економска соработка, во делот на туризмот, енергетиката, земјоделието, инфраструктурата и повеќе други области...

Премиерот Груевски остварил средба со бизнис – делегација од Обединетите Арапски Емирати.
Како што соопштуваат од владината прес– служба, се разговарало за потесна економска соработка, во делот на туризмот, енергетиката, земјоделието, инфраструктурата и повеќе други области.
Делегацијата во земјава ќе остане два дена, за да ги скенира бизнис – потенцијалите.
