Апсења во Ротердам поради нападите во Париз
Франција поднесе нацрт-резолуција во Советот за безбедност на ОН која предвидува преземање на „сите неопходни мерки“ против групата Исламска држава...

Полицијата во Ротердам уапсила тројца мажи откако пронашла сомнителен автомобил со белгиска регистрација, но ја исклучи можната врска со потрагата по Салах Абдеслам, бегалецот кој што учествувал во нападите во Париз.
Инаку Франција поднесе нацрт-резолуција во Советот за безбедност на ОН која предвидува преземање на „сите неопходни мерки“ против групата Исламска држава.
Со резолуцијата се повикуваат земјите да ги „удвојат и координираат своите напори за да ги запрат терористичките активности извршени од ИД, како и други терористички групи поврзани со Ал Каеда.
Претседателот Франсоа Оланд нареди интензивирање на воздушните напади против ИД во Ирак и Сирија.
