Безбедносните сили на Кина убиле 28 терористи
20.11.2015 12:00
Групата го извела смртоносниот напад на рудникот за јаглен во Акса во организација на надворешни терористи при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои 5 полицајци, а 18-мина беа ранети...

Кинеските безбедносни сили убиле 28 членови на терористичка група во муслиманскиот регион Синџијанг.
Групата го извела смртоносниот напад на рудникот за јаглен во Акса во организација на надворешни терористи при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои 5 полицајци, а 18-мина беа ранети.
Во Синџијанг често се случуваат немири, а кинеската влада неодамна покрена акција против сепарартистичките терористи кои ги смета за главни виновници за насилството.
