Грчкиот парламент ги одобри новите мерки за штедење

20.11.2015 12:02

Резултатот од гласањето го остава премиерот Алексис Ципрас со 153 пратеници во 300-члениот парламент, два месеци по изборната победа...

Парламентот на Грција ја одобри новата програма за штедење. За поддршка на пакетот гласаа 153 пратеници од владејачката коалиција, против беа 137 пратеници, а 10 воздржани.

Резултатот од гласањето го остава премиерот Алексис Ципрас со 153 пратеници во 300-члениот парламент, два месеци по изборната победа.

Програмата за штедење беше побарана од кредиторите од еврозоната во замена за доделување на 12 милијарди евра на Грција.