Поволни временски услови за земјоделците

23.11.2015 09:22

Убавото време го искористија и земјоделците. Стасаа да насеат поголем дел од планираните површини, а поникнатите жита имаа добар развој...

Одлични временски услови за привршување на есенската сеидба. Процентот на планираните посеани површини е зголемен, а веќе поникнатите жита имаат добар развој од три до четири листа.

Површинската влага е намалена, а во одредени региони има потреба и од дополнителна влажност за нормално поникнување.

Поради издржливоста на културите минималните утрински температури немаат негативно влијание.

Оваа недела, се очекува промена на временската состојба со постепено заладување и повремен дожд, што ќе ја подобри состојба со поникнувањето на подоцна посеаните површини.

 

Методија Трајков