За 24 часа издадени речиси 6.000 потврди за азил и 5 барања за азил во земјава
Досега издадени се потврди на вкупно 276.306 странски државјани. Најбројни се државјаните на Сирија- 167.705, потоа Авганистан- 63.009, Ирак- 24.159...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 5.979 странски државјани, од кои 2.907 се од машки пол, 1.191 се од женски, 1.417 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 464 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.022, Авганистан- 1.940, Ирак- 1.014.
Досега издадени се потврди на вкупно 276.306 странски државјани, од кои, 160.992 се од машки пол, 42.734 се од женски, 57.822 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.758 деца кои патуваат без родител.
Најбројни се државјаните на Сирија- 167.705, потоа Авганистан- 63.009, Ирак- 24.159, Иран- 6.231, Пакистан- 5.416, Палестина- 2.158, Сомалија- 1.276, Бангладеш- 1.253, Мароко- 1.311, Конго- 514, Либан- 434, Алжир- 453, Нигерија- 277, додека останатите се во помал број.
Во последниве 24 часа до Одделението за азил се поднесени пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Авганистан, со нив се и четири деца кои го придружуваат родителот.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 75 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
