Утре прва конститутивна седница на Aнкетната комисија за прислушувањето
Анкетната комисија брои 16 члена. Претседател е Петре Шилегов од СДСМ, а негов заменик е Горан Мисовски од НСДП. Опозицијата има и два члена. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со 8, ДУИ со 2, а ДПА со 1 член...

Утре во Собранието, прва конститутивна седница на Aнкетната комисија за прислушувањето. На дневен ред е деловникот за работа. Пред една недела беше утврден персоналниот состав.
Анкетната брои 16 члена. Претседател е Петре Шилегов од СДСМ, а негов заменик е Горан Мисовски од НСДП. Опозицијата има и два члена. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со 8, ДУИ со 2, а ДПА со 1 член.
Од редот на пратениците кои не се во пратеничка група, претставник е Роза Топузова-Каревска. Анкетната се формира според Договорот од Пржино, а извештајот од работата треба да го подготви до јануари.
