Француската полиција го испитува пронајдениот елек- бомба
Наводно, личел на елеците што ги користеле напаѓачите, а го нашле улични чистачи во предградие низ кое се верува дека поминале по нападот...

Француската полиција го испитува елекот-бомба најден на улица во Париз, 11 дена по нападите во кои загинаа 130 луѓе. Наводно, личел на елеците што ги користеле напаѓачите, а го нашле улични чистачи во предградие низ кое се верува дека поминале по нападот.
„Предметот не бил во контејнер, туку фрлен со други работи. Најден е во мирна улица, сигурно затоа бил фрлен таму. Беше среде ѓубрето до еден ѕид“, изјави Жан Лу Метон, градоначалник на Монтрог.
Во меѓувреме, Брисел останува на највисоко ниво на подготвеност. Училиштата и метрото се затворени и денеска, а повторно ќе отворат утре, но мерките за безбедност ќе продолжат уште најмалку една недела.
