Еуростат: Македонија е 4-та најмалку задолжена земја во Европа
Од Владата велат дека Македонија како мала економија настојува да не биде високо задолжена и да остане во зоната на ниско до умерено ниво на задолженост, истовремено реализирајќи бројни капитални инфраструктурни проекти.

Според Еуростат, Македонија е 4-та најмалку задолжена земја во Европа. Од Владата велат дека Македонија како мала економија настојува да не биде високо задолжена и да остане во зоната на ниско до умерено ниво на задолженост, истовремено реализирајќи бројни капитални инфраструктурни проекти.
„36 проценти е државниот долг, 43, 9 проценти е јавниот долг и тие податоци кај сите инвеститори и кај сите меѓународни институции наидуваат на одобрување конкретно дека Македонија одржува здрави економски политики и дека перспективата на Македонија во тој дел е многу подобра отколку земјите во Европа кои влегоа во должничка криза. Нашите политики ќе бидат во иста насока да одржиме ниско ниво на задолженост и да реализираме што поголем број на проекти“, вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
