Повисоки субвенции за повеќе странски гости во земјава
Од Скопје директен лет до Берлин, Копенхаген, Братислава. Од март евтини авиолетови од „Александар Велики“ до три нови европски метрополи. Од идната година двојно повисоки субвенциите за привлекување странски гости. Надлежните апелираат, туроператорите да ја искористат финансиската подршка, Македонија има туристички потенцијал и во зимската сезона...

И во зимската сеозна туроператорите да се активираат, да ги искористат за два ипол пати зголемените субвенции за странски туристи. Наместо 25, 65 евра ќе добиваат за донесени гости од Израел, Франција, Шпанија, Италија. На листата и низа други земји од каде има туристички потенцијал за зголемен прилив посетители во државава. За 10 евра повисока и финансиската подршка од државната каса за чартер превоз. 35 евра од донесен турист- стимулација домашните туристички агенции да го продолжат трендот на постојан пораст во овој сектор.
„Од 1 јануари 2016 година доаѓа до зголемување на субвенциите за привлекување на странски туристи за поголем број на земји, меѓу кои што и земји од каде што постои сериозен потенцијал за привлекување на туристи, не само во летниот, туку уште во рамките на зимскиот период. Затоа ова е добра можност и за домашните туристички агенции да ги проучат сите овие можности и да ги проучат пазарите во земјите каде што доаѓа до зголемување на субвенциите и да стапат во контакти со партнери од истите овие земји со цел уште во текот на зимските одмори да се обезбедат туристи кои ќе дојдат од странство во Македонија. Имајќи во предвид дека овие странски туристи придонесуваат за зголем девизен прилив во РМ, овој потег би бил добар како за туристичките агенции кои што се домашни за зголемување на нивниот профит“, вели владиниот портпарол Александар Ѓеорѓиев.
Берлин, Копенхаген, Братислава.Од Скопје нови директни летови до три европски метрополи. Од март следната година по цена пониска од 10 евра, два пати неделно со нискобуџетската „Виз Ер“. Од македонските аеродорми, евтини авиолетови сега има кон 11 земји. На листата најатрактивни дестинации, дел и од земјите кај кои меѓу туроператорите има интерес да испраќаат туристи во земјава. За 11,2 насто е зголемен бројот на туристи во првите девет месеци годинава, споредбено со истиот период лани.
Сузана Фиданска- Стоевска
