МВР: За 24 часа издадени 3.851 потврди за азил

08.12.2015 11:21

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.622, Авганистан–1.148, Ирак-1.081...

Во изминативе 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.851 странски државјани, од кои 1.595 се од машки пол, 756 се од женски, 1.264 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 236 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.622,  Авганистан–1.148, Ирак-1.081.

Досега, како што соопштува МВР, издадени се потврди на вкупно 317.507 странски државјани, од кои, 179.658 се од машки пол, 50.637 се од женски, 69.889 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.323 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-185.121, потоа Авганистан-76.653, Ирак-34.292, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.