Анкетната комисија продолжува со работа
На денешната седница, според редоследот утврден од претседателот на Анкетната, Шилегов, беа повикани вицепремиерот Ставрески, и шефот на кабинетот на премиерот Протуѓер...

Со мнозинство гласови, Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, не го прифати дневниот ред за сослушување сведоци. ВМРО ДПМНЕ на оваа седница предложи да се формира работна група за посета на безбедносните служби во земјава.
Како што беше најавено во дописот до Анкетната, премиерот Груевски ќе даде изјава на 14-ти, додека вицепремиерот и министер за финансии Ставрески, на 17-ти декември.
На денешната седница, според редоследот утврден од претседателот на Анкетната, Шилегов, беа повикани вицепремиерот Ставрески, и шефот на кабинетот на премиерот Протуѓер. Но, ВМРО ДПМНЕ забележа дека тоа било направено без меѓусебна координација.
