Грција ги транспортира економските мигранти во Атина

10.12.2015 13:18

На медиумите им било оневозможено снимањето на организираниот транспорт со 11 автобуси, до грчкиот главен град. Некои портали пишуваат дека биле приведени и новинари...

Од вчера попладне грчките власти, на железничкиот премин Сеово кај Гевгелија, почнаа да ги транспортираат економските мигранти во камповите во Атина.

На медиумите им било оневозможено снимањето на организираниот транспорт со 11 автобуси, до грчкиот главен град. Некои портали пишуваат дека биле приведени и новинари.

Акцијата на грчката полиција, која што беше пасивна досега, се случува пред распоредувањето на европските граничари од агенцијата Фронтекс, на копнениот дел од северната грчка граница, наредната недела.