Метео: Променливо облачно со услови за слаб снег

10.12.2015 14:10

Попладне се очекува намалување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер...

Утре во претпладневните часови ќе преовладува променливо облачно време, со услови за провејување на слаб снег во западните делови.

Попладне се очекува намалување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер.

За време на викендот ќе настапи благо затоплување на времето.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска