Под закуп понудени нови 880 хектари земјоделско земјиште
Во 8 општини, нови 880 хектари земјоделско земјиште се нудат на оглас за давање под закуп. Најголем дел од поврините од 550 хектари се во регионот на Прилеп. Изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање...

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица, а должината на закупот е од 15 до 70 години во зависност од културата што ќе се одгледува.
Правните лица треба да достават бизнис план, а физичките програма за користење на земјиштето.
Еден од условите за учество во постапката е понудувачите, во регионот на Прилеп, да инвестираат најмалку еден милион евра во рок од четири години.
Исто така е потребна и банкарска гаранција за учество во електронското наддавање во износ од деветмесечна закупнина.
Потребната документација треба да се достави во рок од 45 дена од денот на објавувањето на огласот.
Методија Трајков
