Промоција на Кластерот за туризам на тиквешкиот регион

11.12.2015 11:01

Целта е развој на локалниот туризам, бидејќи според статистиките, Тиквешкиот регион има потенцијал што е недоволно искористен...

Приватниот сектор од тиквешкиот регион, со поддршка на Организацијата за индустриски развој на Обединетите Нации, и официјално ќе го промовира Кластерот за туризам.

Целта е развој на локалниот туризам, бидејќи според статистиките, Тиквешкиот регион има потенцијал што е недоволно искористен.

Го посетиле само 2,4 насто од вкупниот број туристи што биле во Македонија.