Анкетна комисија: Сослушување сведоци од понеделник
Според најавите, премиерот Груевски треба да даде изјава пред комисијата в понеделник. Освен него, ВМРО-ДПМНЕ како сведоци ги предложи министерот за финансии Ставрески и екс министерката за внатрешни Јанкулоска...

И денеска мнозинството членови на Анкетната комисија за прислушувањето, не го прифатија дневниот ред за сослушување сведоци. Претседателот на Комисијата Шилегов инсистираше на почитување на редоследот што го објави пред една недела.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, се спротивстави, предлагајќи доставување извештај од внатрешната истрага на МВР за прислушувањето, и доставување податоци од специјалниот обвинител Јанева. И овој преглог не беше прифатен.
Според најавите, премиерот Груевски треба да даде изјава пред комисијата в понеделник. Освен него, ВМРО-ДПМНЕ како сведоци ги предложи министерот за финансии Ставрески и екс министерката за внатрешни Јанкулоска.
СДСМ, пак, ги повика поранешниот министер за транспорт Јанакиески, екс првиот разузнавач Мијалков и шефот на кабинетот на Груевски, Протуѓер.
Идната недела се планираат и посети на МВР, УБК и на Агенцијата за разузнавање.
