Околу 10 милиони евра помош од ЕУ за поплавите
Парите ќе се исплатат во две транши. Потпишан е договорот во Секретаријатот за европски прашања...

Европската унија со финансиска поддршка за санирање на штетите од поплавите во Македонија, во износ од 9,8 милиони евра. Парите ќе се исплатат во две транши. Потпишан е договорот во Секретаријатот за европски прашања.
Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, посочи дека првично беа обезбедени средства за да им се излезе во пресрет на семејствата и да се надохнадат првичните штети во земјоделството, а потоа беа направени анализи заедно со УНДП и експертите од ЕУ и Светска банка за да се направи стандардизирана проценка за штетите.
Првиот дел од помошта на ЕУ во висина од 3.012.500 евра е наменета за рехабилтација и реконструкција на транспортната инфраструктура. Градежните работи ќе се спроведуваат преку УНДП во соработка со националните партнери. Во текот на наредните две години помоштта од ЕУ за поплавите ќе достигне до 9.831.261 евро, прецизира Бесими.
„Овие први 3 милиони евра ќе се искористат за реконструкција на уништените патишта во зсегнатите средини со оглед на важноста на транспортот и инфраструктурата во секојдневниот живот на граѓаните. Поддршката од Европската унија не завршува тука. Во блиска иднина ќе бидат исплатени дополнителни 7 милиони евра за штетите што следат и за инфраструктурата“, рече евроамбасадорот Аиво Орав.
Владата пак, досега исплати вкупно 314 милиони и 500 илјади денари на 2.861 лице, како отштета од годинашниве поплави.
