Обезбедување одржливост на програмите за ХИВ
Догодина завршува финансирањето од глобалниот фонд за програмите за ХИВ, за групите со посебен ризик. Македонија мора да обезбеди средства за граѓанските организации кои ги опслужуваат ризичните групи на терен, за да се избегне евентуална епидемија по примерот на Романија и Бугарија. Хрватска, пак, е позитивен пример во регионот.

Програмите со кои им се помага на ХИВ позитивните и луѓето во ризик, постои можност да бидат прекинати за една година. Глобалниот фонд кој 12 години даваше пари на граѓанските организации ја напушта земјава. Сега државата треба да најде решение за финасирање на ризичните групи, за да се избегне романското сценарио, земјата да биде зафатена со епидемија. Пратениците дебатираа за овој проблем, Хрватска ја истакнаа за позитивен пример.
Поради критериумите на Глобалниот фонд, по 2016 година Македонија нема право да аплицира за нивните Грантови.
Иако Македонија е со ниска стапка на ХИВ инфицирани, програмите мора да продолжат за се превенира зголемување на нивниот борј, смета националниот координатор.
Во изминатите 12 години, Глобалниот фонд за земјава издвои над 30 милиони евра.
Наташа Јанчиќ
