Анкетна комисија: Прв сведок премиерот Груевски

14.12.2015 13:14

Тој е повикан да даде исказ по предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а како што и самиот потврди, во известувањето упатено минатата недела до претседателот на комисијата Шилегов, денеска е подготвен да даде изјава...

Премиерот Никола Груевски е првиот сведок, кој се појави пред Анкетната комисија за прислушувањето. Тој е повикан да даде исказ по предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а како што и самиот потврди, во известувањето упатено минатата недела до претседателот на комисијата Шилегов, денеска е подготвен да даде изјава.

На листата предложени сведоци на ВМРО-ДПМНЕ, освен Груевски се и вицепремиерот и министер за финансии Ставрески, екс- министерката за внатрешни работи Јанкулоска, поранешниот прв разузнавач Мијалков и шефот на кабинетот на Груевски, Протуѓер.

Според деловникот, сведокот може да побара затворена седница, доколку има да изнесе класифицирани информации.

Затворање може да побара и член на комисијата со образложение, но за тој предлог се гласа и е потребно мнозинство гласови.

Секој член на комисијата може да постави 3 прашања од по 5 минути, а исто толку има и сведокот за одговор.