Верските лидери потпишаа Декларација за осуда на тероризмот
Со декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии...

Комисијата за односи со верските заедници со верските лидери во земјава потпишале декларација за осуда на тероризмот. Со декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии.
Со потпишувањето на документот се покажува заедништвото на црквите, верските заедници и религиозните групи во Република Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот, што е содржано и во универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации и меѓународните декларации и конвенции за човекови права – пишува во соопштението испратено од Комисијата за односи со верските заедници.
