Специјалното јавно обвинителство презеде 34 предмети, меѓу кои и „Пуч“
Се работи за над 34 предмети, вклучително и предметот „Пуч“. Оттаму известуваат дека бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности изнесува 16...

Специјалното јавно обвинителство кое го предводи Катица Јанева се прогласи за надлежно за сите предмети кои до него беа доставени. Се работи за над 34 предмети, вклучително и предметот „Пуч“. Оттаму известуваат дека бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности изнесува 16.
Во исто време, ова обвинителство ги доби сите 13 истражители кои ги бараше, а се чека одговор од институциите за Законот за јавнообвинителската служба.
Од овбинителството на Јанева велат дека побарале од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги достави материјалите од незаконски следените комуникации.
Оттаму велат дека за предметите: „Монструм“, „Диво насеље“, „Ровер“ , „Шпион“, дополнително ќе се произнесат.
