Милошоски: Посетата на Попоски на Атина чекор напред во решавањето на прашањето за името
Грција, како совесна членка на ОН, ако сака да даде свој придонес во билатералниот спор, треба да ја почитува пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, смета Милошоски...

Претстојната посета на министерот за надворешни работи Никола Попоски на Атина е многу важна, прва и историска откако Грција во 2004 година ги забрани и замрзна билатералните посети од двете страни, изјави денеска потпретседателот на Собранието и поранешен шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски. Очекува посетата на Попоски да биде продуктивна и чекор напред во решавањето на прашањето за името.
Грција, како совесна членка на ОН, ако сака да даде свој придонес во билатералниот спор, треба да ја почитува пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Сите други мерки би биле само за создавање впечаток и би имале фасадна улога, а нема да значат чекор напред кон деблокирањето на Македонија за НАТО и ЕУ, рече Милошоски.
