Тензична атмосфера и меѓусебни обвинувања на седницата на Анкетната комисија
Неусвoен дневен ред на Анкетната комисија за сослушување на сведоци. Според претходно објавениот редослед од претседателот на комисијата Шилегов, исказ требаше да даде екс-министерот за транспорт Јанакиески. На седницата тензична атмосфера и меѓусебни обвинувања...

Вербален инцидент на Анкетната комисија. Дијалог на висок тон кој и кога може да побара процедурална забелешка, па дури и меѓусебни навреди. Расправија меѓу претседателот на комисијата Шилегов и членот Авировиќ.
ВМРО-ДПМНЕ побара од Шилегов извинување за како што рече Милошоски, недоличното однесување на првиот меѓу еднаквите. Претседателот на Анкетната треба да биде пример за другите, но Шилегов како што истакна Милошоски,недолично се однесува во континуитет.
„Секогаш реагираме кога претседателот на Комисијата го крши Деловникот, како што беше денес примерот- кога пратеник ќе побара процедурална интервенција- треба да му се овозможи. Не може претседателот на Анкетната комисија да затвори седница на комисијата која што не ни почнала или нема дневен ред“, рече Антонио Милошоски, член на Анкетната комисија.
Не ми паѓа на ум да му се извинам некому, ниту за што било, одговори Шилегов. Вели дека постојано бил цел на вербални напади и дека дошло крај на неговата толеранција, бидејќи како што рече пратеничката постојано ја нарушувала работата на комисијата.
„Свесен беше коментарот и заслужен, од една страна на луѓе кои што се долги години во Парламентот, вклучително и госпоѓата на којашто името не сакам да и го споменам веќе. Треба да знаат дека на седница на Комисија, на Парлемент, може да зборуваат во моментот кога ќе побараат збор и кога тој збор ќе им биде даден од страна на Претседателот“, изајви Петре Шилегов, претседател на Анкетната комисија.
В четврток пред анкетната треба да сведочи вицепремиерот и министер за финансии Ставрески. СДСМ најавува дека во вториот круг на повикани сведоци ќе биде и лидерот на партијата Заев.
Милчо Велески
