Пронајдено присуство на Антракс кај угинато говедо во Скопско

15.12.2015 14:57

АХВ информира дека животното е спалено и отстрането, а фармата темелно исчистена и дезифекцирана. Донесена е и забрана за изолација на стоката...

Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди присуството на болеста „Aнтракс“ кај угинато говедо во селото Раовиќ- општина Сарај. Агенцијата информира дека животното е спалено и отстрането, а фармата темелно исчистена и дезифекцирана. Донесена е и забрана за изолација на стоката.

Според надлежните по извршените прегледи не се утврдени други заболени грла, а од Агенцијата исто така најавуваат дека ќе продолжи преземањето на мерките за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација во наредните 20 години.

Последниот случај во земјава бил во 2009-тата година. Антраксот е заразна болест што може од домашни животни да се пренесе на луѓето.