Масакр во Нигерија, убиени стотици шиитски муслимани
15.12.2015 15:01
Сомнежите одат во насока дека бројот на мртви ќе се искачи на илјада...

Неколку стотици шиитски муслимани се убиени во нападот на нигеријската војска пренесува Асошијтет прес. Сомнежите одат во насока дека бројот на мртви ќе се искачи на илјада.
Организациите за заштита на човековите права оценуваат дека станува збор за маскр. Нигериската војска тврди дека нападот бил резултат откако 500 шиити го блокирале конвојот на нигерискиот командат, обидувајќи се да го ликвидираат.
