Арапскиот свет се обединува против ИД

15.12.2015 16:19

Воената алијанса ја предводи Саудиска Арабија. Оперативнот центар е во Ријад, од каде што ќе се поддржуваат и координираат воените операции...

Арапскиот свет се обединува против џихадистите од Исламска држава. Откако американскиот претседател, Барак Обама, испрати порака дека ИСИС мора да биде уништен, властите на Саудиска Арабија соопштија дека е формирана „Исламска воена коалиција“. Во неа членуваат 34 држави, меѓу нив Турција, Либија, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар и Египет.

„Исламскиот екстремизам му штети на исламскиот свет. Голем број земји страдаат од тероризмот. Коалицијата, која ќе има оперативна канцеларија во Ријад, ќе се бори против секој вид тероризам, вклучително и против исламскиот радикализам. Оваа најава доаѓа од будноста на исламскиот свет во борба против оваа болест“, соопшти министерот за одбрана Мохамед Ибн Салман.

Воената алијанса ја предводи Саудиска Арабија. Оперативнот центар е во Ријад, од каде што ќе се поддржуваат и координираат воените операции. Во заедничкото соопштение се наведува дека должноста на коалицијата е да го заштити Исламскиот народ од злото и од сите терористички организации кои сеат смрт. Турција порача - ова е одговор на сите кои сакаат да го поврзат тероризмот со исламот.

Марија Петковска