Советот на ЕУ ја потврди условената препорака

15.12.2015 16:50

За Mакедонија останува заклучокот од извештајот за напредокот – Советот ќе се наврати на препораката за отворање на преговорите по априлските избори и по успешно спроведените реформски приоритети...

Советот за општи  работи на Eвропската унија ги усвои заклучоците кои ќе се најдат пред европските лидери на самитот во четврток и во петок.

За Mакедонија останува заклучокот од извештајот за напредокот –  Советот ќе се наврати на препораката за отворање на преговорите по априлските избори и по успешно спроведените реформски приоритети.

Советот ја повтори сериозната загриженост за нашата земја од како што е наведено сериозната политичката криза, но во исто време се наведува дека е за поздравување договорот од јуни и јули и досегашните чекори кои се преземени.

Се повикува на целосна и конструктивна имплементација на договореното, како и на кредибилни избори во април, по меѓународните стандарди.