Училиштата во Пакистан затворени превентивно

16.12.2015 12:23

Жителите се уште се сеќаваат на минатогодишниот напад на талибанците во училиште во Пешевар при што загинаа 150 луѓе, меѓу нив 144 деца...

Денеска во Пакистан се заклучени сите училишта, настава нема да се оддржи. Жителите се уште се сеќаваат на минатогодишниот напад на талибанците во училиште во Пешевар  при што  загинаа 150 луѓе, меѓу нив 144 деца.

Портпаролот на полицијата соопшти дека на годишнината училиштата се затворени превентивно.

Локалните власти организираа церемонија на која на семејствата на загинатите деца ќе им бидат врачени медаљи.