Јолевски: Пристигнати се инструментите за биометриско регистрирање на мигрантите

16.12.2015 15:10

Покрај предизвикот со бегалската криза, приоритет на одбраната во наредниот период е и стандардот на припадниците на АРМ и модернизацијата...

Состојбата на јужната македонска граница е редовна. Пристигнати се апаратите за биометриска регистрација на мигрантите. Армијата останува на граничната линија како асистенција на МВР.

Покрај предизвикот со бегалската криза, приоритет на одбраната во наредниот период е и стандардот на припадниците на АРМ и модернизацијата- беше соопштено на традиционалната средба на министерот Јолевски со неговите претходници и со поранешните началници на генералштабот.

„Армијата беше вклучена и во изградба на оградата која имаше цел на некој начин да се запрат нелегалните премини кон РМ и сите бегалци  да идат кон одредено место каде што можат да бидат регистрирани и да продолжат кон нивната дестинација“, изјави министерот за одбрана Јолевски.

Инструментите за биометриско регистрирање од МО ќе се предадат на МВР, како институција која ја врши регистрацијата на мигрантите.