Бесплатно патување за студентите со просек над 9,5

16.12.2015 15:14

Со мерката ќе бидат опфатени студентите на прворангираните три универзитети во земјава според Шангајската листа...

Барселона, Венеција, Париз. Бесплатни патувања за студентите со просек над девет ипол. Ќе бидат финансирани од државната каса, најави премиерот Груевски. Со мерката ќе бидат опфатени студентите на прворангираните три универзитети во земјава според Шангајската листа.

„Ќе има две тури годишно. Едната ќе биде некаде во периодот мај-јуни, втората во периодот септември, најдоцна почетокот на октомври. Секој оној кој во претходниот период ги завршил испитите, а се уште нема дипломирано или ако воопшто на факултетот нема дипломирање, има некои факултети каде кога ќе ги завршите испитите добивате и диплома, по завршувањето на последниот испит и земањето на уверение за дипломирање, секој којшто има над 9,5 просек на првите три рангирани универзитети ќе добие наградно, целосно бесплатно патување на една од овие три дестинации“, истакна премиерот.